Антиќ во потрага по четвртото европско финале и третата титула

Gol.mk на кошаркарски Final Four во Истанбул

Перо Антиќ влезе во историјата на македонската кошарка како прв наш кошаркар кој четири патти ќе игра на „фајнал-фор“ турнир на Евролигата. Антиќ веќе има два евролигашки пехари во својата витрина, со грчки Олимпијакос во 2012 година во Истанбул и во 2013 година во Лондон, а лани загуби во финалето во Берлин со Фенербахче од ЦСКА Москва.

Петар Наумоски во 1990 и 1991 година дојде до европските титули со Југопластика и ПОП 84.

Во плеадата македонски легенди, Перо Антиќ може да дојде до четврто европско финале, нешто што му успеало само на Кире Лазаров, кој играше три финалиња (едно со Реновалиа Сиудад Реал, едно со Атлетико Мадрид и едно со Барселона). Лазаров може и оваа сезона да дојде до завршницата, бидејќи Барселона во полуфиналето на Лигата на шампионите се среќава со Вардар.