Антиќ со порака до Датоме: Утре ќе те натепам и ќе те избричам!

Српскиот кошаркарски гигант, Црвена Звезда утре ќе му гостува на Фенербахче во рамки од Евролигата, што ќе значи враќање на нашиот Перо Антиќ на местото каде минатата година ја освои својата трета шампионска титула во најелитното кошаркарско натпреварување во Европа. 

Некогашниот македонски капитен не го пропушти овој момент и мечот со својата поранешна екипа, во свој стил го најави на социјалните мрежи. 

„Многу сум возбуден поради враќањето во „Улкер Арената“!!! Се гледаме в вторник“, напиша Антиќ на Твитер. 

Но, тоа не е сè, Македонецот го искористи Твитот на поранешниот соиграч од редовите на Фенер, Датоме кој на својот профил напиша дека секогаш е добро чувство кога ќе го плесне капитенот Махмутоглу. 

На оваа објава Перо одговори со: „Пак ти? Утре јас тебе ќе те натепам и ќе те избричам. Остави го брат ми Махмутоглу на мир“, алудирајќи на нивниот ритуал по освоената титулата минатата сезона кога по победата над ЦСКА Москва го истрижа Италијанецот. 

Антиќ две години беше дел од турскиот гигант, а ова лето се врати во Црвена Звезда со цел да му се оствари сонот и во „црвено-белиот“ дрес да ја заврши својата богата играчка кариера.