ВИДЕО: Антиќ ја зовре атмосферата во Атина - ја спука со Синглтон, па ја испровоцира публиката

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ се најде во центарот на вниманието за време на вториот дуел од четвртфиналето во Евролигата помеѓу Панатинаикос и Фенербахче, кој се игра вечерва во арената „ОАКА“ во Атина.

Антиќ во средина на втората четвртина по еден дуел влезе во конфликт со противничкиот играч Синглтон, со кого разменија по неколку зборови, а имаа и блисок физички контакт, но без посериозен инцидент.

Македонецот дополнително го навлече гневот на домашните навивачи, откако при излегување од теренот ги отпоздрави на провокативен начин. Атмосферата зовреа, што е и очекувано ако се знае дека Антиќ неколку години беше член на лутиот ривал Олимпијакос, а притоа на себе има тетоважа и од нивните навивачи.