Антиќ и Црвена Звезда ја започнуваат новата сезона во Евролигата со гостување во Каунас

Перо Антиќ и Црвена Звезда

Откако стана шампион во Евролигата со екипата на Фенербахче минатата сезона, Перо Антиќ реши да си замине од Турција и да се врати во Црвена Звезда. Клуб со далеку помал буџет и амбиции од турскиот гигант, но со желба да напредува од сезона во сезона и да произведува млади кошаркари за иднината на српската кошарка.

Младиот состав на „црвено-белите“ предводен од тренерот Душан Алимпијевиќ ќе отпатува за Каунас, каде ќе ја започне новата сезона во најсилното кошаркарско натпреварување во Европа. Актуелниот АБА шампион ќе му гостува на Жалгирис, кого го победи на претходното гостување, па навивачите очекуваат слично издание од своите миленици и на утрешниот меч.

Антиќ е еден од поискусните членови во тимот и се очекува да помогне со своето искуство и знаење, како би се постигнале задоволителни резултати во европските настапи.

Натпреварот се игра утре со почеток од 19.00 часот.