Антиќ е втор најплатен играч во Ц. Звезда, ќе добие 400.000 евра

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ си замина од Фенербахче и потпиша договор со српска Црвена Звезда, каде според примањата ќе биде втор најплатен кошаркар.

Крилниот центар реши да се врати во добропознатата средина и да потпише договор за едногодишна верност, според кој ќе заработи 400.000 евра по сезона. Антиќ е втор најплатен кошаркар на листата, по Тејлор Рочести, кој за една година ќе добие 500.000 евра.

По Рочести и Антиќ, следи Фелдин со 350.000 евра, како и Бранко Лазиќ и Мирко Бјелица со по 300.000 евра. Црвена Звезда ќе настапува во Евролигата, а исто така ќе ги брани титулите во Србија и АБА-лигата.