ВИДЕО: 70 секунди до крај и „-14“ поени, но... Дали го имаме најлудиот кошаркарски пресврт во историјата?

Сигурно повозрасните љубители на кошарката ќе се сетат полуфиналето на Светското првенство во кошарка во Мадрид 1986 година, кога Југославија во последните 50 секунди пропушти голема предност од 9 поени и на крај по продолжението загуби од СССР.

Нешто помладите сигурно го паметат еден од највозбудливите НБА натпревари, кога тогашниот член на Хјустон, Трејси Мегрејди сигурниот пораз од Сан Антонио го претвори во победа со чудесни 13 поени во последните 35 секунди. 

Сепак, американските кошаркарски стручњаци и аналитичари едногласно го прогласија мечот меѓу Невада и Њу Мексико за најлуд во историјата. Всушност, Невада со серија од неколку тројки надокнади неверојатни 14 поени во последните 70 секунди и обезбеди продолжение по кое славеше со 105-104.