• Кошарка

    Докузовски: Против кого и да играме финале, нема да сме фаворити!

    Марин Докузовски, стратегот на Работнички, по полуфиналната победа против Куманово беше задоволен од победата, но потенцира дека центарци не дошле до посакуваниот меч за трофеј по лесен пат.

  • Кошарка

    Работнички се врати во Куп-финалето и ќе ја „лови“ десетката

    Екипата на Работнички обезбеди пласман во финалето од Купот на Македонија преку Куманово, во еден супервозбудлив меч во кој кумановчани се вратија, но немаа сила за сензација. Центарци беа перфектни во првиот дел, но затоа во вториот Куманово беше далеку подобар. Избраниците на Петровиќ се вратија од -15, донесоа интересна завршница, но немаа сила за комплетен пресврт. Во одредени моменти се имаше и замерки на судењето, но се беше во „жарот“ на борбата на теренот.

  • Кошарка

    „Станко Велики“ и Николовски го водеа Работнички до 14. Куп-финале!

    Најтрофејниот македонски кошаркарски колектив, екипата на Работнички е првиот финалист во Купот на Македонија. Избраниците на Марин Докузовски во рамки на полуфиналето го совладаа Куманово (77-68) и во мечот за трофеј ќе се соочат со подобриот од дуелот меѓу МЗТ Скопје и Блокотехна.

  • Кошарка

    Наков и Муса „диригираа“, вардарки ќе го бранат тронот од Бадел

    Екипата на Вардар одигра одличен натпревар и убедливо го совлада ЖКК Пелистер (83-44) и се пласира во ново Куп-финале каде ќе ја брани титулата. Наков, Муса, Деловска... се „налутија“ во второто полувреме и убедливо го надиграа ривалот и се наострија за битка со лутиот ривал во мак-баскетот, ЖКК Бадел. Силно се посакува одбрана на ланскиот трофеј, а мечот за титула се игра утре (недела) од 16.00 часот.

  • Кошарка

    Куп-бранителот Вардар одигра моќно против Пелистер

    Екипата на ЖКК Вардар ќе го брани тронот во кошаркарскиот Куп на Македонија откако во полуфиналето славеше убедливо над младиот тим на Пелистер (84-33) и договори дуел со Бадел кој во претходното полуфинале беше поуспешен од Струга.

  • Кошарка

    Баделки рутински дојдоа до Куп-финале и чекаат на освојувачот Вардар

    Екипата на Бадел очекувано ја совлада Струга и обезбеди место во Куп-финалето во женска конкуренција. Фаворитот одигра како што знае и без проблеми го совлада ривалот и во мечот за титула чека на бранителот на тронот, ЖКК Вардар, кој во полуфиналето игра против Пелистер и исто така важи за голем фаворит. Доколку „црвено-црните“ ја завршат работата, финалето ќе биде реприза на ланското издание, во кое вардарки водени од Едина Муса го грабнаа трофејот. Женското Куп-финале ќе се игра утре од 16.00 часот.

  • Кошарка

    „Дабл-дабл“ на Димова, Бадел преку младата Струга обезбеди ново Куп-финале

    Екипата на Бадел е прв финалист во кошаркарскиот Куп на Македонија во женска конкуренција, откако во доминантен дуел со 77-43 (42-15) ја совлада екипата на Струга.

  • Кошарка

    Блесна Богдановиќ, Светот ги победи САД во дуелот на „Ѕвездите во раст“

    Избраниот тим на кошаркари од тимот на Светот го совладаа САД-тимот на почетокот на Ол-стар викендот. Во натпревар со 279 поени во мечот на „Ѕвезди во подем" со убедливи 155-124 победа извојува тимот на Светот. Србинот Богдан Богдановиќ беше прогласен за најкорисен кошаркар на натпреварот. 

  • Кошарка

    Ертел ја сруши Басконија, Барса на Пешиќ во полуфиналето на Купот

    Светислав Пешиќ ја одведе Барселона во полуфиналето на Купот на Кралот, чиј завршен турнир се игра во Гран Канарија. Во последното и највозбудливо четвртфинале, Каталонците потешко од предвиденото ја победија Басконија со 94-90.

  • Кошарка

    Србиновски: Куманово нѐ казни за сѐ, потфрлија и нашите „староседелци“

    Повеќе од изненадувачки е високиот пораз на Гостивар во Куп-дуелот против Куманово. Изненадувањето во Првата лига потфрли во Купот на Македонија, а за тоа свесен е и стратегот на тимот, Марјан Србиновски, кој истакна дека неговиот тим многу грешел и промашувал, а противникот го казнил тоа.

  • Кошарка

    Петровиќ: Победивме тим за респект, но сега одиме на уште потежок испит!

    Екипата на Куманово обезбеди пласман во четвртфиналето од Купот на Македонија откако го надигра Гостивар, а стратегот Александар Петровиќ е презадоволен од одиграното. Вели дека кумановчани победиле тим за респект, но потенцира дека мечот со Работнички ќе биде уште потежок.

Pages