• Хокеј на мраз

    Младите канадски хокејарски надежи пресилни за Металург

    Во првиот дел од хокејарскиот спектакл на лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“ младинскиот тим на Асоцијација на хокеј без граници, клуб кој доаѓа од Монтреал, Канада беше подобар од младинскиот тим на Металург со 6-3 (1-0, 3-1, 2-2). Поквалитетниот тим од Канда доминираше, иако и нашите млади хокејари не беа без свои адути. Веднаш по овој меч следеше и сениорскиот дуел на Металург и Асоцијацијата Хокеј без граници од Монтреал.

  • Хокеј на мраз

    Хокеарите на Металург на мегдан со Монтреал од Канада

    Утре со почеток од 19.30 часот на лизгалиштето СЦ „Борис Трајковски“, хокеарите на Металург ќе одиграт контролен натпревар против младинскиот тим на Асоцијација на хокеј без граници, клуб кој доаѓа од Монтреал, Канада.

  • Хокеј на мраз

    Викендот се играше хокеј и во Скопје

    Покрај настапите на хокеарите на Металург во Суботица и во Загреб, викендот се играа натпревари и во нашиот главен град Скопје. Комбиниран тим од ветерани и млади хокеари, под името Македонски лавови одиграа два пријателски меча против екипата МЕТУ Анкара од Турција.

  • Хокеј на мраз

    Александар Овечкин влезе во легендата и им се заканува на Грецки и Гартнер

    Русинот Александар Овечкин стана само третиот хокеар во историјата на НХЛ лигата со 30 или повеќе голови во 11 последователни сезони. Тој погоди против Филаделфија за победа на неговиот Вашингтон со 3-2. 

  • Хокејарите на Металург слават постигнат гол Хокеј на мраз

    Децковски: Се враќаме со две победи, тоа е најбитно

    Македонскиот хокеј првак Металург од Суботица се враќа со две победи во рамки на регионалната хокеј лига, со што металурзите направија голем исчекор кон финалето. Најефикасен поединец во составот на „пиратите“ овој викенд беше младиот Стефан Децковски, кој на трите натпревари постигна пет погодоци. Во петокот на Спартак му даде два погодоци, вчера во дуелот со Славија го постигна победничкиот гол од пенал, додека денес повторно на два наврати стрелаше во мрежата на Вукови.

  • Хокеј на мраз

    Убедлив триумф на Металург: Демолиран тимот на Вукови

    Хокеарите на Металург дојдоа и до петтата победа, втора овој викенд во рамки на регионалната лига откако славеа над Вукови со резултат од 8-3 (3-2, 2-1, 3-0).

  • Балканската лига во хокеј започна со пораз на Металург Хокеј на мраз

    Голманот Илиевски херој: Металург по пенали подобар од Славија

    Македонскиот хокеј првак Металург дојде до четвртата победа во регионалната хокеј лига откако во драматичен натпревар, по изведување пенали славеше над Славија. Херој на мечот беше голманот на „пиратитe”, Владимир Илиевски кој во пенал серијата фати два шута, како и еден пенал во првиот период.

  • Хокејарите на Металург до првата победа во Балканската лига Хокеј на мраз

    Сонцето направи проблеми во Суботица: Поместен мечот на Металург

    Сончевото и мошне пријатно време на северот од Србија, односно во Суботица, им направи проблеми на организаторите на третиот турнир од регионалната хокеј лига.

  • Хокеј на мраз

    Хокеарите на Металург немоќни против домаќинот Спартак

    Хокеарскиот тим на Металург со пораз ги отвори настапите на третиот турнир во регионалната хокеј лига, откако во Суботица загуби од домаќинот Спартак со 12-6 (5-2, 0-1 и 7-3).

  • Хокејарите на Металург до втората победа во Балканската лиг Хокеј на мраз

    ХК Металург со двојна агенда претстојниот викенд

    Хокеарите на Металург претстојниот викенд ги очекува збиена агенда со оглед на тоа што ќе настапат на два фронта. Македонскиот првак во рамки на регионалната БИХЛ лига, на мраз ќе настапи во Суботица, додека тимот на ролери во Загреб ќе одигра два натпревари во рамки на Хрватската инлаин лига.

  • Хокеј на мраз

    Македонските хокејари добија многу тешка група за Мундијалот

    Македонската репрезетација во инлајн хокеј на мраз доби многу силна група во квалификациите за Мундијалот во Братислава. Ќе мораме да направиме подвиг во Австрија за да обезбедиме пласман на големиот собир.

  • Хокеарите на Металург на меч од Балканската лига Хокеј на мраз

    Хокеарите на Металург немаат решение за Спартак

    Најдобриот македонски хокеј клуб Металург претрпе убедлив пораз од српскиот Спартак со 2-8, во второто коло од Балканската лига на турнирот во Софија. Претходно, клубот од Суботица и на скопскиот турнир го победи нашиот првак. 

  • Хокеј на мраз

    Хокеарите на Металург убедливи против Славија Софија во Балканската лига

    Хокеарите на Металург, во натпревар од вториот турнир од Балканската аматерска хокеарска лига кој се одржува во Сараево, убедливо ја совладаа бугарска Славија со 10-2. Уште од самиот почеток металурзите одиграа сигурно, не дозволувајќи им на хокеарите од Бугарија да се надеваат на друго освен висок пораз.

  • Овечкин ги слави 500 гол во НХЛ Хокеј на мраз

    Овечкин ја мина границата од 500 гола

    Првиот стрелец на НХЛ тимот Вашингтон Кепиталс, Александар Овечкин успеа да ја мине границата од 500 постигнати гола во Националната хокеарска лига на САД и Канада. По двата негови гола во убедливата победа со 7-1 против Отава синоќа, рекордот е соборен.

  • Хокеј на мраз

    Македонските хокеари во квалификации за СП во инлајн хокеј

    Македонската репрезентација во хокеј на ролери, ќе настапи на квалификации за место кое води на Светското првенство во инлајн хокеј, кое ќе се одржи во Братислава, 2017 година.

  • Хокејарите на Металург слават постигнат гол Хокеј на мраз

    Хокејот пак е во мода во Македонија!

    Три дена и три уживања на мразот во СЦ „Борис Трајковски“ потсетија дека во нашата земја има и хокеј на мраз, и тоа со многу добар квалитет. На првиот турнир од Балканската лига, кој се играше во Скопје, Металург се претстави во светло издание и доби два од трите натпревари. Сите без исклучик видоа квалитет и витештво и вистинска штета е што само еден од овие турнири ќе се одигра во нашата земја. Сепак „пиратите“ со победите против босанскиот и бугарскиот претставник покажаа дека хокејот не е повеќе баук во нашата земја. 

  • Хокејарите на Металург до втората победа во Балканската лиг Хокеј на мраз

    Втора победа во Балканската лига за хокеарите на Металург

    Хокеарите на Металург ја забележаа втората победа на стартот од Балканската лига, на турнирот кој денес заврши во Скопје. „Пиратите“ утрово славеа во дуелот против Славија Софија со 4-2. Скопјани одиграа квалитетен дуел, во кој до победата стигнаа благодарение на одличната последната третина.

  • Хокејарите на Металург до првата победа во Балканската лига Хокеј на мраз

    Хокеарите на Металург со прва победа во Балканската лига

    Хокеарите на Металург, по поразот од Спартак Суботица во првиот натпревар од Балканската хокеарска лига, денес славеа победа против тимот на Вукови од Сараево со 4-1 (1-0, 2-1,1-0). Головите за Металург ги постигнаа Стефан Децковски и Лукас Урбас Петров.

  • Балканската лига во хокеј започна со пораз на Металург Хокеј на мраз

    „Пиратите“ загубија на стартот од Балканската хокејарска лига

    Хокејарите на Металург загубија од Спартак Суботица со 2-3 (2-1 0-0 0-2) во првиот меч од новата Балканска лига, која стартуваше во Скопје. 

  • ХК Металург Балканска лига Хокеј на мраз

    ХК Металург, домаќин на првенецот во Балканската лига

    Започнува Балканската лига во хокеј и тоа со турнир кој ќе се игра во нашиот главен град, овој викенд. Турнирот започнува утре и ќе трае до крајот на викендов. Во лигата ќе учествуваат само четири екипи и секоја екипа ќе организира по еден турнир.

Pages