• Хокеј на мраз

    Македонската инлајн хокеј репрезентација доби нови противници во квалификациите за СП

    На еден месец пред стартот на квалификациите за пласман на СП, репрезентацијата на Македонија во инлајн хокеј доби нови противници, откако беше извршенa повторна ждрепка по откажувањето на Ирска.

  • Хокеј на мраз

    Селекторот Внук го објави списокот на хокеари за квалификациите за СП

    Македонската хокеј репрезентација денес ги доби термините за настап на квалификациите за Светско првенство во инлајн хокеј за 2017 година во Братислава. Арената Стеиндорф во Австрија од 21 до 25 јуни ќе биде местото каде што македонските хокеари ќе вкрстат најпрво со хокеарите од Латвија и Србија, а доколку успеат да ги победат двата натпревари, ќе продолжат да разигруваат со победниците од другите две групи за пласман на Светско првенство. Од девет репрезентации на првенството ќе се пласира само една.

  • Хокеј на мраз

    ВИДЕО: Над 50.000 фанови на Фролунда приредија невиден спектакл за освоената титула на тимот

    Познавајќи ги временските услови во скандинавската држава, Шведска очигледно е зошто хокејот им е најпопуларен спорт на Швеѓаните. Доказ плус е и прославата на шампионскиот трофеј на екипата на Фролунда, кога на градскиот плоштад се собраа над 50.000 фанови. Овој клуб и неговите фанови чекаа цели 11 години да го повторат големиот успех од домашното хокеарско првенство, па затоа навивачите на Фролунда приредија голем спектакл, проследен со непрекинато навивање и големо пиротехничко шоу. 

  • Хокеј на мраз

    ХК Металург со ефект од три порази и една победа се враќа од Белград

    Хокеарите на Металург викендов во Белград настапија на последниот турнир од регуларниот дел во хрватската инлајн лига, каде што забележаа ефект од три порази и една победа. „Пиратите“ сепак ја исполнија задачата по која што заминаа во Белград, со оглед на тоа што дојдоа до една победа, која им недостигаше за место во плеј-оф фазата која започнува во месец мај, а која ќе се игра во Загреб. 

  • Хокеј на мраз

    Металург Магнитогорск нов шампион на КХЛ

    Руски Металург Магнитогорск е новиот шампион во Континенталната хокеј лига (КХЛ), откако во седмиот натпревар од финалната серија на гостински терен во Москва славеше над ЦСКА со резултат од 3-1.

  • Хокеј на мраз

    Познати двојките на НХЛ плеј-офот

    Официјално заврши регуларната сезона на НХЛ лигата и со победата на Анахајм над Вашингтон решена е и последната дилема при распределбата на двојките во плеј-офот. Во мечевите од првото коло се среќаваат:

  • Хокеј на мраз

    Петров и Стoпар ги продолжија договорите со Ал Аин Тебс од Дубаи

    Македонските хокеј репрезентативци Александар Петров и Јуре Стопар и идната сезона остануваат во Обединетите Арапски Емирати откако ги продолжија своите договори со Ал Аин Тебс од Дубаи. По крајот на сезоната, и обврските со сениорскиот тим, од денес се наоѓаат на кратка пауза во Скопје, а нивното присуство во нашиот главен град го искористивме за краток разговор.

  • Хокеј на мраз

    Момент за историја: Кинезите влегуваат со свој клуб во КХЛ!

    Од ден на ден свесни сме на се поголемото инвестирање во спортот од страна на Кина. Најновата информација која што пристигна денес говори дека најсилната хокеј лига на мраз во Европа, КХЛ од новата сезона ќе биде побогата за тимот на Ред Стар Кунлун од Пекинг.

  • Хокеј на мраз

    ХК Металург со пораз по пенали од Славија ја заврши сезоната во БИХЛ

    Хокеарите на Металург со пораз по пенал серијата од Славија ги завршија настапите во регионалната БИХЛ лига оваа сезона. Мечот во регуларниот дел заврши 3-3, по третини (1-1, 0-0, 2-2), но по изведување на пеналите клубот од Бугарија славеше со 5-4. Ова беше втор меч викендов за Металург решен по пенали, откако вчера среќата беше на нивна страна во триумфот над Вукови. Воедно ова за клубот од Софија беше реванш за поразот во Суботица, кога на ист начин тогаш Металург славеше.

  • Хокеј на мраз

    Голманот Илиевски одново херој: Металург по пенали подобар од Вукови

    Хокеарите на Металург дојдоa до првата победа на завршниот турнир од регионалната лига во Софија, откако вторпат сезонава се радуваа на победата по изведување на пенали. Попладнево во главниот град на Бугарија беше совладан составот на Вукови од Босна и Херцеговина. Откако во регуларниот дел мечот заврши нерешено 4-4 по третини (1-1, 2-2, 1-1) беа изведувани седум серии на пенали, по кои „пиратите“ славеа со 7-6.

  • Хокеј на мраз

    Спартак пресилен за хокеарите на Металург во Бугарија

    Македонскиот првак во хокеј на мраз Металург денес е поразен во првиот натпревар од последниот четврт турнир на регионалната хокеј лига од Спартак Суботица со 9-2 (2-1, 5-0, 2-1). Последниот турнир се одржува во Софија, а нашиот тим ќе настапи исклучиво со домашни играчи.

  • Хокеј на мраз

    ХК Металург со играчи од сопствен погон на завршниот турнир во Софија

    Македонскиот претставник во регионалната хокеј лига на мраз, Металург на последниот четврт турнир, кој викендов ќе се одигра во Софија, Бугарија ќе замине исклучиво со домашните играчи.

  • Хокеј на мраз

    Канаѓаните го преслушаа Металург, нашите хокејари стекнаа големо искуство

    Откако во првиот денешен натпревар, младинската екипа на хокеј клубот Металург беше поразена од тимoт на Асоцијација на хокеј без граници, клуб кој доаѓа од Монтреал, Канада, истата судбина во вториот денешен дуел го снајде и сениорскиот тим кој беше поразен со резултат од 9-2 во третини (6-0, 1-1 и 2-1).

  • Хокеј на мраз

    ФОТО: Младите канадски хокејарски надежи пресилни за Металург

    Во првиот дел од хокејарскиот спектакл на лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“ младинскиот тим на Асоцијација на хокеј без граници, клуб кој доаѓа од Монтреал, Канада беше подобар од младинскиот тим на Металург со 6-3 (1-0, 3-1, 2-2). Поквалитетниот тим од Канда доминираше, иако и нашите млади хокејари не беа без свои адути. Веднаш по овој меч следеше и сениорскиот дуел на Металург и Асоцијацијата Хокеј без граници од Монтреал.

  • Хокеј на мраз

    Хокеарите на Металург на мегдан со Монтреал од Канада

    Утре со почеток од 19.30 часот на лизгалиштето СЦ „Борис Трајковски“, хокеарите на Металург ќе одиграт контролен натпревар против младинскиот тим на Асоцијација на хокеј без граници, клуб кој доаѓа од Монтреал, Канада.

  • Хокеј на мраз

    Викендот се играше хокеј и во Скопје

    Покрај настапите на хокеарите на Металург во Суботица и во Загреб, викендот се играа натпревари и во нашиот главен град Скопје. Комбиниран тим од ветерани и млади хокеари, под името Македонски лавови одиграа два пријателски меча против екипата МЕТУ Анкара од Турција.

  • Хокеј на мраз

    ВИДЕО: Александар Овечкин влезе во легендата и им се заканува на Грецки и Гартнер

    Русинот Александар Овечкин стана само третиот хокеар во историјата на НХЛ лигата со 30 или повеќе голови во 11 последователни сезони. Тој погоди против Филаделфија за победа на неговиот Вашингтон со 3-2. 

  • Хокејарите на Металург слават постигнат гол Хокеј на мраз

    Децковски: Се враќаме со две победи, тоа е најбитно

    Македонскиот хокеј првак Металург од Суботица се враќа со две победи во рамки на регионалната хокеј лига, со што металурзите направија голем исчекор кон финалето. Најефикасен поединец во составот на „пиратите“ овој викенд беше младиот Стефан Децковски, кој на трите натпревари постигна пет погодоци. Во петокот на Спартак му даде два погодоци, вчера во дуелот со Славија го постигна победничкиот гол од пенал, додека денес повторно на два наврати стрелаше во мрежата на Вукови.

  • Хокеј на мраз

    Убедлив триумф на Металург: Демолиран тимот на Вукови

    Хокеарите на Металург дојдоа и до петтата победа, втора овој викенд во рамки на регионалната лига откако славеа над Вукови со резултат од 8-3 (3-2, 2-1, 3-0).

  • Балканската лига во хокеј започна со пораз на Металург Хокеј на мраз

    Голманот Илиевски херој: Металург по пенали подобар од Славија

    Македонскиот хокеј првак Металург дојде до четвртата победа во регионалната хокеј лига откако во драматичен натпревар, по изведување пенали славеше над Славија. Херој на мечот беше голманот на „пиратитe”, Владимир Илиевски кој во пенал серијата фати два шута, како и еден пенал во првиот период.

Pages