„Витезите“ од Лас Вегас ќе бидат новиот тим во НХЛ лигата

Раководството на најсилната хокеј лига (НХЛ), објави дека тимот на „Vegas Golden Knights“ ќе биде 31. тим, кој ќе почне да се натпреварува од сезоната 2017/18 година. Тие се прв тим, кој се приклучува во НХЛ лигата по 2000 година, кога членови станаа Колумбос и Минесота.

„Веруваме дека овде постои пазар за нашиот производ. Ова е прекрасен град и знаеме дека сите во него посакуваа да имаат професионален клуб. Одушевени сме, бидејќи тоа ќе биде хокејарски клуб“, изјави Гери Бетмен.

Сопственик на „витезите“ ќе биде Били Фоли, претседател на осигурителна компанија во САД, кој ја плати гаранцијата од 500 милиони долари за да може да се започне со составување на тим. Тимот од Лас Вегас ќе се натпреварува во „T-Mobile арената“, која има капацитет од 17.500 гледачи.

Следна професионална екипа, која се очекува да пристигне во Невада во следните години е НФЛ тимот од Оукленд, а се спомнува и формирање на МЛС тим.