ВИДЕО: Тарасенко блескаше, Сент Луис го доби „Зимскиот класик“ пред 47.000 гледачи

Пред полн стадион беше одбележана половината од НХЛ шампионатот во хокеј на мраз, а пред 47.000 гледачи Сент Луис го совлада Чикаго со 4-1.

Натпреварот на „Буш стадионот“ го одлучи рускиот репрезентативец Владимир Тарасенко со два одлучувачки гола.

Пред девет години кога за првпат започна оваа традиција „Зимскиот класик“ беше само егзибиција, но сега е нова модерна традиција со која се одбележува крајот на првата половина од сезоната и се слават новогодишните празници.