„Скопје ајс фестивал“: Металург ја декласира Славија од Софија

Втор меч и втора победа на хокејарите на Металург на интернационалниот хокеј турнир „Скопје ајс фестивал“. По синоќешната победа против Спартак Суботица и утрово Металург покажа класа и мотивираност и го совлада бугарскиот тим Славија Софија со 8-4.

Главна ѕвезда беше некогашниот хрватски репрезентативец и член на Медвешчак, Крешимир Швигир. По еден гол постигнаа Ташевски, Бачевски, Садиковиќ и Анастасов.

Во текот на целиот натпревар Металург доминираше и не дозволи противникот воопшто да се закани. Претходно во вториот меч од денешното второ коло на турнирот, словенечката Славија Љубљана го победи Спартак Суботица со 5-0. Токму Словенците ќе бидат следен противник на металурзите во борбата за првото место на турнирот.