Русија - Канада и Шведска - Европа се полуфиналните двојки на хокејарскиот Мундијал

Русија против Финска

Репрезентацијата на Русија е последниот патник во полуфиналето на СП во хокеј, кое се одржува во Канада. Руските хокејари во последното коло од групата Б ја совладаа Финска со 3-0 и обезбедија место во најдобрата четворка.

Во групата А на првите две места завршија Канада со шест и Европа со четири бода, додека во втората група, Шведска освои пет, а Русија четири бода. Полуфиналните двојки се Канада - Русија и Шведска - Европа.

Изненадување е испаѓањето на репрезентацијата на САД, која без ниту една победа заврши на последното место во групата А.