„Пингвините“ со пресврт триумфираа на Флорида

НХЛ шампионот Питсбург Пингвинс со победа со 2-3 на теренот на Флорида го продолжи регуларниот тек во американско-канадската лига. 

Рајли Смит и Марк Писик донесоа водство на гостите, но Сиднеј Крозби и Карл Хагелин на средината на третиот дел донесоа израмнување (2-2). Ерик Фер им донесе победа на „пингвините“ и максимален почеток на конференцијата. 

Сан Хозе со голот на Марк-Едвард го победи Анахајм Мајти Дакс со 2-1 во второто дерби од ноќната програма во НХЛ лигата.