Петров најдобар голман на Претседателскиот хокеј турнир во Белорусија

Денес во Белорусија заврши традиционалниот Претседателски божиќен Куп во хокеј на мраз, кој се одржa под покровителство на Александер Лукашенко, а на кој годинава за првпат имаше петмина македонски хокејари.

Највпечатлив настап од квинтетот наши хокејари имаше Александар Петров, кој настапи за тимот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и на крајот го доби признанието за најдобар голман на турнирот. ОАЕ денес во мечот за трето место ја совлада Словачка со 4-3 и ја освои бронзата, додека во финалето Белорусија славеше над Финска и стигна до златото.

Останатите тројца наши хокејари, Ферхат Тозунлер, Тарик Гочмен и Јуре Внук со тимот на Обединет Балкан турнирот го завршија на последното, шесто место.