Овечкин: Ќе играм за Русија на Олимписките игри, а ако некој ме спречи ќе се спротиставам

Руската хокерска ѕвезда Александар Овечкин потврди дека независно од одлуката на Националната хокејарска лига, ќе игра за својата репрезентација на следните Зимски Олимписки игри. 

„Ќе играм на Олимпијадата за мојата земја. Ако некој од клубот ми каже дека не може, тогаш ќе му кажам збогум. Не знам дали мојата одлука може да промени нешто, но јас ќе играм во Кореја”, додаде тој.

Овечкин игра за Вашингтон во НХЛ лигата од 2005 година и зад своето име има 566 голови и 482 асистенции во 923 средби во регуларната сезона и во плеј-офот. Руското крило шест пати ја освои наградата „Морис Ришар“ за најпрецизен играч во лигата.