ФОТО: Младите хокејари на Вардар со три победи и многу искуство се вратија од Бугарија

Младата екипа на хокеј клубот Вардар за играчи до 12 години изминатиот викенд настапи на меморијален турнир „Ѓорѓи Миланов“ 2017 во Софија, каде што забележа три победи и притоа собра многу искуство.

Воедно ова беше прво официјално преставување на ХК Вардар на меѓународната сцена по неговото згаснување во 80-те години. На турнирот во Бугарија нашиот клуб забележа три победи и исто толку порази што може да се оцени како за успешен настап ако се земе предвид дека ова беа први официјални натпревари.

Како што не информираа од клубот, од наредната сезона овие хокејари ќе се натпреваруваат во У14 лигата на Бугарија. Исто така од Вардар истакнаа дека од наредната сезона со почетокот на натпреварите очекуваат зголемување на интересот кај младата популација, која би била основата за идните сениорски категории.