Металург е освојувач на „Скопје ајс фестивал“! Во финалето совладана Славија Љубљана

Најдобриот македонски хокејарски тим Металург е освојувач на интернационалниот хокеј турнир „Скопје ајс фестивал“, откако во финалниот дуел славеше убедлива победа над минатогодишниот победник, екипата на Славија Љубљана (6-2).

Иако словенечкиот тим прв поведе со 1-0, Металург во продолжението одигра доста сконцентрирано и ефикасно и со головите на Давор Анастасов, Кристијан Ташевски, Стефан Децковски Крешимир Швигир, Денис Садиковиќ и Томас Зврла стигна до голема победа во овој финален дуел. 

Токму од редовите на Металург доаѓаат најдобрите поединци на овој турнир. За најдобар играч е прогласен Денис Садиковиќ, додека со признанието најдобар голман се закити Владе Илиевски. Во борбата за третото место по изведувањето на пеналите победа славеше Славија Софија над Спартак Суботица, откако по регуларниот дел од мечот на семафорот стоеше 5-5.