Македонските „оклопници“ поразени од домаќинот Австрија: СП останува само желба (ВИДЕО)

Македонската репрезентација во инлајн хокеј во квалификациите за СП е поразена од домаќинот Австрија со резултат од 11-2 (1-0, 4-0, 5-0, 1-2), со што нашите шанси за пласман на Мундијалот следната година во Братислава се загубени.

Дуелот во Штеиндорф многу рано го отворија домаќините, кои во третата минута поведоа преку Зверген со 1-0, резултат со кој се замина на крајот од првата четвртина. Во втората половина од првото полувреме нашите репрезентативци беа комплетно надиграни, па со трите гола во низа на Ниец и оној на Реинтхалер домашната селекција на полувреме замина со убедлива предност од 5-0.

Драчхковиц, Валдхаусер, Реинтхалер, Шхрам и Звергер со својот втор гол на мечот на Австрија после третата четвртина и донесоа уште поубедлива позитива од 10-0. Последната четвртина Македонија ја отвори со гол, откако Бостајн Кос погоди за 10-1, но веќе во следната минута Австријците преку Шхрам зголемија на 11-1. Јуре Стопар по асистенција на Кос го постигна вториот гол за Македонија на денешниот натпревар, поставувајќи го конечниот резултат на мечот од 11-2.

Македонија утре со почеток од 16.00 часот го игра последниот меч од квалификациите, а противник е селекцијата на Србија, која денес ја совлада Бугарија со 14-4.