ВИДЕО: Македонските хокеари во драматичен меч ја добија Србија

Македонската инлајн хокеј репрезентација дојде до втората победа во квалификациите за пласман на СП во Братислава 2017 година. По вчерашниот пораз од Австрија, денес нашите репрезентативци ја совладаа Србија со резултат од 6-5 (4-1, 0-0, 0-2 и 2-2). Иако Македонија мечот го отвори со позитива од 4-0, потоа во водство прејде Србија со 4-5, но на крај славеше нашиот национален тим.

Со двата погодоци на Бостјан Кос и по еден на Стефан Децковски и Рок Шимсич, нашата селекција поведе со 0-4, а во самиот финиш Србија од пенал намали на 1-4. Во втората четвртина мрежита на двете екипи мируваа, па на пауза се отиде со резултатот од првиот дел (1-4).

Третата четвртина им припадна на нашите северни соседи, кои постигна два погодоци со играч повеќе и во пресрет на завршниот период намалија на 4-3. На самиот старт на завршната четвртина, српската селекција израмни на 4-4, а многу набргу потоа следеше општа тепачка на теренот меѓу двете екипи, по која што комплетните постави завршија на клупата за казнени. Ова подобро го искористи нашиот противник и направи комплетен пресврт и поведе со 5-4. Сепак Македонја по пауза од два периода дојде до нов гол, откако Давор Анастасов погоди за 5-5. На 20 секунди до крајот победата на Македонија и ја донесе Јуре Стопар, кој реализираше контранапад за 6-5.

Македонија утре го игра последниот меч од квалификациите од 18.00 часот во меч за третото место ќе ги одмери силите со Израел.