ФОТО: Квинтет македонски хокејари на мегдан со белорускиот претседател Лукашенко

Македонија за првпат има свои претставници на традиционалниот Претседателски божиќен Куп во хокеј на мраз, кој се одржува во Белорусија под покровителство на тамошниот претседател Александр Лукашенко.

За тимот на Обединет Балкан настапуваат Ферхат Тозунлер, Тарик Гочмен и Јуре Внук, нашиот селектор и актуелен репрезентативец. Токму Внук вчера беше стрелец на еден од двата гола за тимот на Обединет Балкан, кој загуби од репрезентацијата на Швајцарија со 13-12.

На турнирот покрај шест национални тимови, годинава со Обединет Балкан настапува и селекција на играчи од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) каде што настапуваат преостанатите два наши репрезентативци, Александар Петров и Јуре Стопар.