ВИДЕО: Канада го освои Светскиот куп и останува владетел во хокејот

Хокеарите на Канада се освојувачи на Светскиот куп, откако и во вториот натпревар славеа победа против тимот на Европа со 2-1 (0-1, 0-0, 2-0). Во првиот финален меч Канада славеше победа од 3-1.

За најдобар играч на турнирот е избран капитенот на Канада и еден од најдобрите играчи во НХЛ-лигата, Сидни Крозби. Тој во текот на Светскиот куп забележа 7 асистенции и постигна 3 гола. Победничкиот погодок во финалето го постигна Маршанд.

Хокеарите на Канада по трет пат во историјата, во исто време ги обединуваат титулите од Олимписките игри, Светското првенство и Светскиот куп.