ВИДЕО: Како Македонија ја демолира Бугарија со 11 погодока!

Македонските хокеари цели пет квалификациски циклуси чекаа и конечно денес дочекаа да се израдуваат на првата победа во еден официјален меч под закрила на ИИХФ. И тоа каква победа, изразена со 11 гола во противничката мража и разлика од шест погодоци во дуелот со Бугарија (11-5).

Квалификациите се на самиот почеток, но ако се суди според она народната, ако по утрото денот се познава, тогаш на нашите хокеари им се насмевнува убав турнир, зошто да не, на крај да се радуваме на пласман на СП во Братислава идната година.

Во продолжение погледнете ги сите погодоци  од мечот кои беа дело на Прокудин (3), Кос (2), Стопар (2), Децковски, Симисич, Атанасов и Пејановиќ.