Хокеарски судија почина во Чешка откако пак го погоди во главата

Хокеарски судија во чешката елитна категорија за младинци починал за време на натпревар, откако бил погоден со пак во главата. Чешкиот сојуз за хокеј на мраз, објави дека 24-годишниот Павел Лаинка починал во саботата.

Пакот го погодил судијата во главата за време на натпреварот на млади екипи, кој се одиграл на 25 август.

Поради смртта на судијата Лаинка сите натпревари во чешкото првенство следниот викенд ќе започнат со едноминутно молчење.