Џонатан Тоус е новиот најскапо платен хокејар во НХЛ лигата

Хокејарот Џонатан Тоус потпиша осумодишен договор со Чикаго и ќе добива 16 милиони долари по сезона, со што стана најдобро платен светски хокејар. 

Крозби од Питсбург е симнат од првото место на оваа листа, но ќе останува лидер на листата од маркетинг приходи, бидејќи има активни договори со Адидас,Тим Хортон, Верзион и уште многу други.

Според „Форбс“ Чикаго, Монтреал и Питсбург се екипите со најмногу навивачи во американски-канадската НХЛ лига.