ФОТО: Џастин Бибер заигра и хокеј во Медвешчак

Популарниот млад пејач Џастин Бибер кој моментално се наоѓа на турнеја низ Европа, се реши барем за момент да се врати на спортот од детството, а тоа е хокејот. Канаѓанецот, кој во средата одржа концерт во хрватската престолнина Загреб, се реши да се проба во екипата на Медвешчак, актуелен член на КХЛ лигата, втора по квалитет по НХЛ лигата во светот.

Бибер ја искористил приликата и застанал на лизгалки, одработувајќи еден тренинг со екипа составена од резервите и вториот тим на Медвешчак, со оглед на тоа што првата е на турнеја во Русија.

Откако тренингот завршил, Бибер се фотографирал со останатите хокеари на клубот, а и од двете страни истакнаа дека ова било интересно и несекојдневно искуство.