ВИДЕО: 44-годишниот Јагр руши рекорди во НХЛ лигата

44-годишната чешка хокеј легенда, Јаромир Јагр од синоќа е втор на листата на асистентите во НХЛ лигата. Јагр подели асистенција на неговиот 1.663 меч во лигата и сега вкупно има 1.888. поени (број на голови и асистенции) и го надмина Марк Меси.

Вејн Грецки со 2.857 поени е неприкосновен на првото место на вечната листа. 

Управата на клубот од Флорида на Јагр му подари „златен стап“ како сеќавање на клупскиот рекорд и второто најдобро постигнување во историјата на лигата.