Гимнастичарка со ново обвинување за сексуално злоставување на репрезентативниот доктор

Американската гимнастичарка Али Раисман го обвини репрезентативниот доктор Лери Насар за сексуален напад и ја шокира јавноста во САД. Ова е трет случај на сексуално малтретирање или злоставување на млади гимнастичарки на американскиот континент 

„Лери Насар манипулираше со сите девојчиња во тимот, а тие се плашат да кажат што се случува.Бесна сум и жалам што не открив порано за овој скандал“, изјави Раисман.

Овој доктор 20 години е главен доктор на селекцијата на САД и над 130 гимнастичарки го обвинија за сексуален напад. Насар е во притвор поради поседување на детска порнографија, а ќе му се суди и за сексуално вознемирувања на гимнастичарки,