Зидан со нови проблеми: Марсело ја доби казната за црвениот картон против Леванте

Марсело црвен картон

Шпанскиот шампион, Реал Мадрид немаше успешен старт на новата сезона и веќе заостанува четири бода во Примера зад главниот ривал за титулата, Барселона.

Зинедин Зидан веќе неколку натпревари не може да смета на суспендираниот Кристијано Роналдо, а сега ќе мора да го составува почетниот тим без левиот бек, Марсело. Бразилецот имаше мал испад на крајот од мечот со Леванте, поради кој доби директен црвен картон.

Ваквиот потег на дефанзивецот на „кралевите“ беше ставен под истрага, а денес шпанската фудбалска федерација му ја одреди казната. Бразилецот ќе биде надвор од терените во следните два натпревари на Реал Мадрид.

Претходно, Серхиo Рамос заработи црвен картон на гостувањето кај Депортиво Ла Коруња, што значи дека сите капитени на „кралскиот“ клуб доста нервозно ја започнаа новата сезона.