Зидан остана без уште еден стандарден првотимец

Зинедин Зидан

Проблемите со отсуства на клучни фудбалери во Реал Мадрид продолжија по завршувањето на репрезентативната пауза. Имено, голманот Кејлор Навас заработи повреда на мускулот на ногата, поради што ќе биде надвор од терените следните два натпревари.

Костариканецот сигурно ќе го пропушти мечот против Хетафе за викендот во Примера и следниот предизвик во Лигата на шампионите за „кралевите“, екипата на Тотенхем.

Покрај Навас, тимот на Зинедин Зидан ќе биде и без Герет Бејл, Дани Карвахал, Карим Бензема и Матео Ковачиќ, а за мечот од домашното првенство во екипата ќе се вратат Тони Крос, Тео Хернандез и Марсело.

Оваа сабота со почеток од 16.15 часот, Реал му гостува на Хетафе, а ќе се надева на прв кикс на Барселона, која ќе игра на „Ванда Метрополитано“ против Атлетико Мадрид.