Жуниор и Јуфо од топлиот Бразил се вратија во ладното Тетово

Македонскиот прволигаш Шкендија од денес е комплетен, затоа што во тимот се вратија странците Жуниор и Виктор Јуфо.

Двајцата Бразилци беа на одмор во татковината, а денес ја имаа првата средба со новиот стратег од Германија, Томас Брдариќ. И двајцата беа во грч, затоа што од топлиот Бразил „слетаа“ во ладното Тетово, каде температурата беше под нулата. Шкендија и денес тренираше во сала, а исто така, имаше и тренинг во вежбалница.

Тетовчани тренираат двапати дневно, а наскоро ќе заминат во Охрид каде ќе го одработат првиот дел од подготовките и ќе одиграат неколку пријателски средби.