Жесус лут по расправијата на Дост и Ристовски: Зошто ме прашувате вакви глупости! (ВИДЕО)

Жестоката расправија меѓу македонскиот репрезентативец, Стефан Ристовски и холандкиот „џин“, Бас Дост денес е главна тема кај португалските медиуми. 

Двајцата фудбалери на Спортинг Лисабон на Куп-мечот против Кова Пиедаде влегоа во жестока расправија, која беше најинтересна тема за новинарите на официјалната прес-конференција по натпреварот. 

Еден претставник на медиумите го запраша Жесус за оваа расправа, а искусниот стратег иако беше во близина на таа случка не сакаше да одговори и им се развика на новинарот: „Зошто ме прашувате вакви глупости?“

Инаку, португалскиот гигант на овој меч извојува тесна победа од 2-1 и обезбеди полуфинале против големиот ривал Порто