Зенит без двајца првотимци отпатува за Скопје на мегдан со Вардар

Првиот противник на Вардар во Лига Европа, Зенит попладнево со чартер лет се упати за нашиот главен град, Скопје, каде утре на „Телеком арена“ ќе се судри со македонскиот шампион. 

Тренерот на рускиот гигант, Роберто Манчини со себе понесе 20 фудбалери, но во составот го немаше најскапото засилување ова лето, Аргентинецот Леандро Паредес, ниту пак рускиот репрезентативец, Олег Шатов, кои од Италијанецот добија дополнителен одмор. 

Голмани: 

Андреј Лунев, Михаил Кержаков, Максим Рудаков

Одбрана: 

Бранислав Ивановиќ, Миха Мевлја, Емануел Мамана, Игор Смолников, Максим Карпов, Јуруј Жирков, Доменико Кришито, Денис Терентјев

Среден ред:

Матијас Краневитер, Александр Ерохин, Емилијано Ригони, Далер Кузијаев, Кристијан Нобоа

Напад:

Себастијан Дриуси, Артем Џуба, Дмитриј Полоз, Александр Кокорин.