ВИДЕО: За Барди слободен удар е како пенал - нов нестварен гол на Македонецот!

Енис Барди е фудбалерот во мода во шпанскиот фудбал и со нетрпение го очекуваме следниот викенд и почетокот на Примера. Македонецот постигна трет гол во подготвителниот период, откако пак од слободен удар погоди во победата на Леванте на гостувањето кај Елче со 0-2 (0-1).

Откако Иван Перез постигна гол во првото полувреме, некогашниот фудбалер на Ујпешт на магичен начин ја погоди мрежата на „зелено-белите“ за финални 0-2. Ретко кој фудбалер вака се прилагоди на својата нова средина како Енис Барди.

Многу веројатно неговото место во стартниот тим на мечевите од стартот на Примера е загарантирано.