„Војна“ во Манчестер: Моу подготви 60 милиони за двоецот на Тотенхем, се чека реакција на Пеп!

Како што денес откриваат британските медиуми во трката за двајцата одлични странички бека на Тотенхем, Кајл Вокер и Дени Роуз, се приклучи и најтрофејниот англиски клуб, Манчестер Јунајтед. 

Веќе од поодамна сериозен интерес за двајцата пројави новиот менаџер на Сити, Пеп Гвардиола во кои гледа идеални решенија за ранливите позиции, но за да дојде до нив ќе мора да се намачи. Се шпекулира дека Мурињо е подготвен да издвои неверојатни 60 милиони фунти за овој двоец, па сега се чека реакција на Гвардиола, дали ќе го возврати ударот или ќе отстапи од оваа желба. 

И двајцата странични фудбалери на Тотенхем оваа сезона играат во фантастична форма, е пред неколку месеци се пишуваше дека за Вокер е заинтересирана Барселона, додека Роуз бил желба на Арсен Венгер.