Во младите е иднината: Давор Здравковски потпишува за АЕЛ Лимасол

Давор Здравковски, младинскиот репрезентативец на Македонија, ќе ја промени средината и од нашата земја ќе замине да игра фудбал во Кипар, каде ќе го носи дресот на АЕЛ Лимасол.

Здравковски, кој има 19 години, важи за еден од талентите на младата генерација која надоаѓа и трансферот е одлична најава за неговата кариера која допрва треба да се развива.

На Кипар, Здравковски заминува од редовите на Македонија Ѓорче Петров, а е дел од проектот на подмладување на АЕЛ Лимасол.

Младиот фудбалер е четвртиот Македонец кој ќе го носи дресот на АЕЛ Лимасол, по Александар Тодоровски (2007-2008), Влатко Грозданоски (2010) и Остоја Стјепановиќ (2016).