„Во Македонија ме донесе пријател, но ми беше многу тешко со „распрскан“ тим!“

На тренерското столче на Македонија седеле многу тренери, а еден од нив кој дојде како големо, но не ги оправда очекувањата е Џон Тошак. Велшанецот во интервју зборуваше за периодот минат во нашата земја, а потенцира дека му било тешко да го води нашиот национален тим.

„Интересно ми беше на Балканот. Мојот пријател Борко Клуниќ, кој ми сугерираше српски играчи за во Свонси, ми се јави. Борко е роден во Скопје и ми кажа дека Македонците бараат тренер. Ме праша дали се интересирам, веднаш кажав „да“. Беше нешто различно за мене. Моите репрезентативци не играа во Македонија, беа низ цела Европа. Тоа беше тешко за мене. Македонското првенство беше многу слабо. Бевме во многу тешка група“, истакна Тошак.

Тошак ја водеше Македонија во периодот од 2011 до 2012 година. На осум меча, заблеежа само една победа, па неговиот договор со ФФМ беше раскинат.