Влатко Костов се врати во мак-фудбалот по две и пол години

По две и пол години надвор од македонскиот фудбал, Влатко Костов повторно седна на клупа во ПМФЛ. Екипата со која стана шампион на Македонија, Ренова од Џепчиште веруваше во 51-годишниот стручњак и му даде можност да започне нов проект.  

Последен пат Костов ја водеше Брегалница во сезоната 2015/16, кога си даде отказ есента, само неколку месеци откако чудесно ја спаси екипата од неговиот роден град од испаѓање. Претходно во нашиот фудбал Костов седел и на клупите на Осогово, Саса, Куманово, Влазрими, Турново, Работнички, а беше и селектор на репрезентацијата до 21 година.

Надвор од нашата земја штипјанецот го водеше Ал Раед во Саудиска Арабија. Попладнево дебитира во својот втор мандат во Ренова против Работнички во Ѓорче Петров.