Вилшер на излезни врати од „Емирати“: Куман и Гвардиола заинтересирани

Џек Вилшер, фудбалерот на Арсенал кој своевремено важеше за еден од најталентираните играчи за врска на планетата, поради бројните повреди не успеа да се наметне кај менаџерот на „топџиите“, Арсен Венгер. 

Од ова лето Англичанецот како позајмен фудбалер настапува за тимот на Борнмут, а како што пишуваат британските медиуми тој најверојатно нема да се врати во Лондон и кариерата ќе ја продолжи во друг клуб. 

Всушност, за услугите на 25-годишниот креатор на играта сериозен интерес пројавија менаџерите на Евертон и Манчестер Сити, Роналд Куман и Пеп Гвардиола, како и италијанскиот гигант, Милан.

Како најидеална опција се споменува Евертон, но дефинитивно Вилшер добро би се вклопил и во тактиката на Пеп, па преостанува да видеме кој клуб ќе го одбере повремениот англиски репрезентативец.