Виктор Ангелов пред заминување од Ујпешт

Македонскиот репрезентативец Виктор Ангелов во зимскиот преоден рок би можел да го промени клубот и да бара нова средина. 

Напаѓачот кој заедно со Ремзифаик Селмани е дел од унгарски Ујпешт не ја добива посакуваната минутажа и игра се поретко. Поради тоа, би можел да ја побара среќата на друго место и да бара нова средина, каде ќе добива поголема минутажа и ќе има шанса да ги покажува своите фудбалски квалитети.

Ангелов, кој беше дел од У21-репрезентацијата која ја одбележа 2017 година со историски настап на едно Европско првенство, е дел од Ујпешт од 2016 година, но има одиграно само 24 меча на кои постигна еден гол.

Тој ги има минато сите младински селекции на Македонија, а во 2015 година го забележа и деби-настапот за сениорскиот состав, кога во вториот дел доби шанса на пријателскиот натпреваар против Либан.