Вентура ќе си поднесе оставка, но само ако добие обештетување од 700.000 евра

Фудбалската селекција на Италија по пауза од половина век нема да учествува на едно Светско првенство, а скоро сигурно е дека од напролет ќе биде предводена од нов селектор. 

Всушност, по овој дебакл на четирикратниот светски шампион, досегашниот селектор Џампјеро Вентура ќе го предаде селекторското столче на друг предводник, но засега не се знае на каков начин – дали сам ќе се даде отказ или истиот ќе му биде врачен.

Италијанските медиуми пак, пишуваат дека Вентура ќе си замине од фунцијата селектор на Италија само под еден услов, ако му бидат исплатени 700.000 евра како оштета.  

Синоќа, „азурите“ го шокираа целиот фудбалски свет, откако на домашен терен не успеаја да ја анулираат негативата од првиот меч против Шведска, со што не обезбедија учество на Мундијалот идната година.