Вентура експресно си поднесе оставка по најголемиот италијански дебакл во историјата

Џампјеро Вентура си поднесе неотповиклива оставка од селекторската позиција на италијанска фудбалска репрезентација само неколку минути по неуспешниот бараж против Шведска. На шест месеци од истекот на договорот, Вентура си заминува како еден од најнеуспешните селектори на четирикратниот светски првак. 

Подоцна на прес-конференцијата збрканиот Вентура објави дека пред да поднесе оставка, ќе мора да разговара со претседателот на федерацијата Карло Тавекио.

Италија одигра очајни квалификации и бараж мечеви и Вентура прв ја плати цената за неуспехот. Тој ја наследи репрезентацијата од Антонио Конте, кој претрпе само еден пораз во  официјален натпревар (од Република Ирска на Европското првенство во Франција) во двегодишната работа.

Бурната италијанска критика од утре ќе започне со шпекулации за испразнетото место на италијанската клупа.