Велшкиот селектор најави оставка по неуспехот во квалификациите за СП

Селекторот на велшката фудбалска репрезентација, Крис Колмaн размислува да си поднесе оставка, откако не ја одведе селекцијата на својата земја ниту во баражот за Светското првенство во Русија. 

„Кај играчите во соблекувалната имаше огромното разочарување. Утеха нема, нашиот прв пораз на домашен терен по четири години нè чинеше скапо. Ќе почекам пред да донесам одлуки”, рече велшкиот селектор.

Блиските соработници на Колман открија дека тој размислува да си замине по два циклуси, во кои ја одведе оваа мала британска земја до најголемиот успех - пласманот во полуфиналето на Европското првенство во Франција.