Велинов: Само трите бода против Победа ни се во мислите

По репрезентативната пауза, в четврток продолжуваат обврските на нашите фудбалски прволигаши, кои ќе го одиграат 15. коло на ПМФЛ. На „Филип Втори“ тимот на Работнички ќе ја пречека прилепска Победа, а Стојанче Велинов истакнува дека „романтичарите“ размислуваат единствено за трите бода на овој дуел.

„Паузата ја искористивме за да се подготвиме уште подобро за предизвиците кои ни претстојат до крајот на есенскиот дел од првенството. В четврток ја пречекуваме Победа и би рекол дека размислуваме единствено за победа и освојување на трите бода. Верувам дека ќе продолжиме со игрите кои ги прикажавме пред паузата, кога на арената „Филип Втори“ славевме против екипи како Пелистер, Вардар и Шкупи“, изјави Стојанче Велинов.

Мечот меѓу Работнички и Победа, како и останатите четири дуели, ќе започнат од 13.00 часот.