„Вечното дерби“ меѓу Вардар и Пелистер в недела под светлото на рефлекторите

Големото дерби на македонскиот фудбал помеѓу Вардар и Пелистер в недела на „Филип втори“ во Скопје ќе се игра под светлоста на рефлекторите со почеток од 18.00 часот.

На барање на домаќинот, гостите од Битола го прифатија терминот и по подолго време најтрадиционалниот натпревар во македонскиот фудбал ќе се игра во вечерен термин.

Домашните навивачи „Комити“ подготвуваат спектакл за нивнито 30-ти роденден. Овој натпревар ќе биде второ соочување на двете екипи сезонава по дуелот пред неполни два месеци во Битола, каде првакот славеше со 0-1 со голот на Дејан Блажевски.

По подолго време „вечното дерби“ ќе се игра под рефлектори, што ќе биде најдобра можност за што е можно поголема посета на нашиот најголем стадион.