ВИДЕО: Ватфорд извлече реми против Ливерпул со гол од офсајд

Ливерпул победа насловна

Екипата на Ливерпул покажа знаци на слабост уште на стартот на новата сезона и ремизираше на гостувањето на „Викариџ Роуд“ кај Ватфорд (3-3).

И во вториот меч од новата сезона во Премиер лигата видовме ревија на голови, а фудбалерите на Јирген Клоп пропуштија шанса за победа во последните минути. Резултатот го отвори домашната екипа преку Окака Чука, на што возврати Мане по прекрасно двојно проигрување со Емре Чан и израмни на 1-1.

До полувремето, Дукуре погоди за 2-1, резултат кој како да ги испровоцира гостите, кои излегоа да се надигруваат во вториот дел. Следуваа два брзи гола во режија на Фирмино од пенал (прекрок на Гомес врз Салах) и Салах по лоб-довањето на Фирмини за прво водство на гостите (2-3).

Сепак, Ливерпул ја испушти победата во последните моменти, кога прими погодок од страна на Мигел Анхел Бритос (3-3). Голот падна по голема збрка пред Мињоле, но повторената снимка констатираше дека дефанзивецот на „стршлените“ беше во недозволена позициа во моментот кога ја втурна топката во мрежата на гостите.