ФОТО: Вардарци го почувствуваа тревникот на „Младост“

Македонскиот фудбалски шампион, попладнево пристигна во Струмица, и веќе го одработи првиот тренинг на стадионот „Младост“ каде што в вторник ќе се игра реванш натпреварот против Малме во рамките од второто квалификациско коло од Лигата на шампионите. 

Вардарци одржаа полесна подготовка пред утрешниот официјален тренинг на кој што ќе се одработат последните техничко-тактички варијанти пред мечот со Малме. Претходно во 17.30 часот, Вардарци ќе одржат прес-конференција на која своите очекувања за натпреварот ќе ги искаже шефот на стручниот штаб, Гоце Седлоски. 

На првиот натпревар против Малме одигран во Шведска, нашиот шампион одигра нерешено, 1-1.