ВИДЕО: Вардар не е сам - „Комитите“ со песна ги поздравија фудбалерите пред Зенит!

Навивачката група „Комити“ со песна и пиротехника ги поздрави своите вардарови миленици пред натпреварот против Зенит, кој утревечер се игра во рамки на Лигата на Европа.

Навивачите дојдоа на последниот тренинг пред натпреварот и им порачаа на фудбалерите дека за нив има само една љубов - Вардар. Воедно, посакаа и победа и успешен старт на групната фаза на Лига Европа.

Мечот против Зенит, Вардар го игра утревечер од 21.05 часот.