Вардар е комплетен, Новак „слета“ во Скопје

Македонскиот фудбалски првак Вардар од денес е комплетен, затоа што на тренинзите се појави укранскиот фудбалер Евгениј Новак.

Украинецот беше „отсечен“ од Скопје поради потешкотии со авионските врски од Украина до Скопје, но на денешниот тренинг тој работеше со групата. Новак беше присутен на двата тренинга, во вежбалницата во СЦ „Јане Сандански“, како и на терените на тренинг-центарот во Хиподром каде се работеше со топка.

Вардар тренира двапати дневно, а екипата ќе работи во Скопје до 21 јануари, кога е планирано заминување во Анталија, Турција, каде што ќе се биде до 11 февруари.