Вардар без Велковски и на реваншот, настапот на Џигаури неизвесен

Гоце Седлоски, стратегот на македонскиот фудбалски шампион, Вардар и за реванш дуелот против шведски Малме, нема да може да смета на услугите на Дарко Велковски. 

Поради повреда на задната ложа, младиот репрезентативец нема да биде во комбинација ни на натпреварот во Струмица, а најверојатно Вардар остане и без крилниот играч од Грузија, Џигаури кој исто така има повреда. Сите други играчи се на располагање.

Реванш дуелот меѓу Вардар и Малме ќе се одигра утре од 18.00 часот на стадионот „Младост“ во Струмица. Првиот меч одигран во Малме заврши без победник, 1-1.